Општина Центар: Паушални и крајно несериозни коментари во врска со измените во ДУП „Дебар Маало”

Од:

„На 15 јули беше јавната презентација за предлог измените во овој ДУП. Иако поканата беше јавна и отворена за сите граѓани, медиуми и невладини организации, присуствуваа само заинтересираните граѓани и институции.

И покрај тоа што законската обврска е десет работни дена, одлучивме јавната анкета да трае два месеци, како никогаш досега, и како за ниту еден ДУП. Ова го направивме за конечно да се слушне и прифати гласот на граѓаните. Сите издржани предлози од јавната анкета ќе бидат имплементирани во конечната верзија на ДУП Дебар Маало 1 и Дебар Маало 2.

Во измените на планот што се подготвуваат, нема драстични разлики со постоечкиот ДУП донесен во 2012 година од претходното раководство на Советот. Тогаш никој не реагираше на решенијата во ДУП – от.

Сега само се усогласуваат границите на градските четврти по Генералниот урбанистички план на Град Скопје, што е и законска обврска на општината.

Во секој нов план, согласно член 46 од “Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање”, еднаш стекната височина, не смее да се менува“, велат од Општина Центар.

„На местото на бараките на општина Центар, според ДУП –овите од 2011 и 2012 год. предвидена е катност од приземје и 15 спрата. Намената е јавна институција и решенијата се од постоечкиот ДУП.

На другата, наводно, спорна локација зад општинската зграда, е предвидена изградба на образовна институција и планирана и превземена од ГУП –от донесен од Град Скопје, во 2012 година. Бидејќи се работи за план од повисоко ниво, општина Центар не може да прави никакви измени.

Во врска со градежните парцели на ЈПССДП, согласно одлука на Влада на Р.М. за утврдување на градби од посебен интерес, објектите се под ингеренција на Министерство на транспорт и врски, што значи дека општината не може да има никаква надлежност на тие парцели.

Истото се однесува и на површината на Министерството за култура, кое беше регулирано со планот од 2009 година.

Дезинформација е дека во измените во ДУП – от се зголемува катноста на пазарчето Буњаковец. Во предлог новиот ДУП, кој е на јавна анкета, јасно се гледа дека е планиран приземен објект со висина согласно правилата.

Двомесечната јавна анкета за ДУП Дебар Маало 1 и Дебар Маало 2 завршува утре, 11.09.2015 година. Уште еднаш, општина Центар, ги повикува сите заинтересирани и загрижени да дојдат во општината или да ги пополнат анкетните прашалници. Само вака можеме да донесеме издржан план во интерес на сите нас. Се’ друго ќе сметаме дека е неаргументирано и тенденциозно критизерство“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории