Општина Центар: Ова се доказите дека Владата планира хотелски комплекс во Градски парк

Од:

„Министерството за Транспорт и Врски изнареди низа напади врз градоначалникот Андреј  Жерновски, но не одговори на ниту едно од прашањата кои ги постави тој а граѓаните мора да го добијат одговорот.

Бидејќи министерството ги игнорира овие прашања еве повторно ќе ги поставиме и ќе продолжиме тоа да го правиме додека јавноста не добие одговор.

Дали на местото на сегашните бараки на град Скопје со одлука на Влада е предвидена градба со маркица Б5 односно хотелски комплекс?

Која ќе биде максималната висина на оваа зграда?

Објекти од посебен интерес се болниците, училиштата, градинките односно оние градби кои се од интерес на граѓаните и се стратешки објекти. Како може хотелски комплекс да биде назначен како објект од посебен интерес?

Кој ќе профитира од ова криминлано узурпирање на земјиштето на општината?

DOkument

Уште еднаш порачуваме дека ваквата градба нема да се дозволи и ќе направиме се да ја спречиме нејзината изградба. Го повикуваме министерство во најкус можен рок да ја преиспита оваа одлука и итно направи промени и на висината и на видот на градба предвидена во Градски парк.

Апелираме и до граѓаните, но и до стручната јавност да се спротистават на ваквата намера на власта“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

 

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски