Општина Центар отстранува уште две дивоградби

Од:

Општина Центар информира дека од вчера започнала со отстранување на уште една дивоградба, доградба на прво и надградба на второ поткровје на постоечки објект од втора категорија, на улица „Рајко Жинзифов“, спроти Градежниот факултет во Скопје.

– Откако сопственикот/инвеститорот по решение издадено од општината не ја отстранил незаконски изградената градба, Општина Центар пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците за отстранувањето на градбата во целост паѓаат на товар на сопственикот, велат од Општината.

– Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатите денови отстрани една незаконски изградена тераса во приземје со димензии 4м х 1,3 м на улица „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало и незаконски поставени паркинг блокатори на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Привршува акцијата на Општина Центар за отстранување на нелегално поставени или изградени објекти, со која беа опфатени 18 незаконски градби на територија на општината. Со ова се реализира ветувањето на градоначалникот Саша Богдановиќ дека нема да толерира дивоградби на територијата на општината, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата