Општина Центар отстранува импровизирана градба од ресторан на Водно

Од:

Откако инвеститорот, Вандербилт Тенис Клуб ДООЕЛ Скопје, не постапи по решението издадено од Општина Центар за самостојно отстранување на градбата, општината пристапи кон присилно административно извршување, информираат оттаму.

„Со денешната активност е опфатено отстранување на ресторан на улица „Славејко Арсов“ бб, со пропратни објекти – санитарен јазол и шанк со димензии 19,20 м х 9,60 метри и 4,50 м х 5,50 метри, изградени од челична конструкција и греди, објекти во градба за што градителот на поседувал соодветна одобрена документација во согласност со членот 137 став 4 од Законот за градење“, велат од Центар.

Како што информира Општината акцијата за отстранување на дивоградбите продолжува и во наредниот период, со што се опфатени 18 нелегално поставени и изградени објекти.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатуваат апел до инвеститорите и сопствениците на нелегално поставените објекти, согласно издадените решенија сами да постапат и да ги отстранат објектите во законски предвидениот рок.

Во спротивно, велат, општината со механизација присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранување ќе паднат на товар на инвестиорите, односно сопствениците на објектите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата