Општина Центар: Општината со ангажирани 95 сезонски работници посветено се грижи за чистотата на улиците и тротоарите

Од:

Општина Центар реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, покрај сите предизвици со кои се соочува државата во моментов, помалку наивно продолжува со ширењето на дезинформации, лаги и невистини.

Општина Центар со ангажирани 95 сезонски работници редовно и посветено се грижи за хигиената и чистотата на улиците и на тротоарите и спроведува успешни акции за собирање на кабаст и на електричен отпад.

ВМРО-ДПМНЕ, покрај користењето на стари слики, упорно заборава дека за собирање на смет од контејнерите надлежно градско претпријатие е ЈП „Комунална Хигиена“, а не општината и таа е адресата на која треба да ги побараат одговорите. Општина Центар во рамките на својот делокруг, редовно ги расчистува и отстранува дивите депонии кои изникнуваат на нејзина територија.

ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на продуктивни предлози и идеи и понатаму се служи со разни деградации и омаловажувања на работата на градоначалникот и на општината.

Заложбите на градоначалникот Саша Богдановиќ и на општината за почиста и поздрава животна средина ќе продолжат и во наредниот период, со редовното одржување на хигиената од страна на надлежните општински служби“ се вели во реакцијата на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата