Општина Центар: „Настел“ и Азманов казнети со 5.200 евра

Од:

Фирмата „Настел“ од Скопје ќе треба да плати глоба од 5.200 евра бидејќи, согласно законските одредби, не ја обезбедиле градежната јама, што доведе до нов поткоп и уривање на улицата „8-ма Ударна Бригада“.

На градилиштето на фирмата „Настел“, на бизнисменот Зоран Азманов, поради огромната јама која што беше ископана и необезбедена, се отвори дупка на градилиштето и се наруши стабилноста на околното земјиште.

Дупка - 8ма Ударна Бригада (3)

Во јануари, оваа година, градилиштето беше затворено од страна на градежна инспекција на општина Центар. Поради опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите, на истата улица каде што се наоѓа и Италијанската амбасада, компанијата „Настел“ неколку пати беше предупредувана да го реши проблемот.

Дупка - 8ма Ударна Бригада (1)

Надлежните од општина Центар и деновиве излегоа на терен и констатираа дека не само што проблемот не е решен, туку има и нов поткоп и уривање на дел на улицата.

Инспекцијата донесе решение, освен изречената глоба, „Настел“, согласно Законот за градење, раскопаниот дел да го врати во првобитна положба.

Азманов во 2012-та година има добиено правосилно решение за изградба на 2 објекти за деловни намени. Тоа значи хотел или трговски единици. Едниот објект треба да биде висок 22 метри, а другиот 16,5 метри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар