Општина Центар: Наставата во ООУ „Гоце Делчев“ почнува во понедленик

Од:

Oпштинското основно училиште „Гоце Делчев“ вчера попладне беше посетено од Државен санитарен инспектор кој утврди дека сите проблеми за непречено одвивање на образовниот процес се отстранети, соопштија од општина Центар.

„Фасадата на училиштето во целост е завршена, внатрешните простории се реновирани и целиот објект е исчистен и подготвен да ги прими учениците во понеделник, 10 септември. На учениците им се извинуваме поради пролонгирањето на првиот училишен ден и во исто време се надеваме дека реновираниот простор ќе им обезбеди добри услови за учење и престој. На сите ученици од ООУ „Гоце Делчев“, општина Центар им посакува успешен почеток на учебната година и многу успеси“ се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата