Општина Центар: Наместо дотраените, нови тротоари на улицата „Ристо Шишков“

Од:

„Искршени тротоари, уништени рабници, вода која се слева во отворените дупки каде што се движат граѓаните, кабли од операторите и ЕВН, кои висат над улицата. Вака денеска изгледа улицата „Ристо Шишков“ (поранешна „Димитрија Туцовиќ“)“, соопштуваат од Општина Центар.

Ulica Risto Shishkov (5)

„Граѓаните бараа, а општина Центар започнува комплетна реконструкција на тротоарите и рабниците. Ќе се менуваат 740 метри должни рабници и ќе се поплочува со павер елементи, со црна боја, 2150 м2 тротоар.

Ulica Risto Shishkov (3)

За да се стави крај на непрописното паркирање ќе се постават столбчиња, ќе се спуштат бандерите и сите постоечки кабли ќе се спуштат под земја“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Ulica Risto Shishkov (2)

„На улицата „Ристо Шишков“ која што се протега од улицата „Наум Наумовски – Борче“ до булеварот „Климент Охридски“ ќе се постават и нови канделабри.

Ulica Risto Shishkov (4)

И оваа реконструкција е дел од проектот на општина Центар, „Работно Лето 2015“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Ulica Risto Shishkov (8) Ulica Risto Shishkov (7) Ulica Risto Shishkov (6)

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство