Општина Центар: Наместо дотраената – нова, енергетски ефикасна фасада на зградата кај Сава-Крањ

Од:

Општина Центар ја започнува реконструкцијата на осмата фасада, која се наоѓа кај Сава-Крањ (спроти Т.Ц. Рамстор), на булевар Мито Хаџивасилев – Јасмин бр. 30.

„Во консултација со жителите, избрано е богато, колоритно решение кое го задржува автентичниот изглед на фасадата. Жителите се задоволни бидејќи, конечно ќе биде заменет долгогодишниот урнисан изглед на фасадата, која велат дека е градена во далечните 50-ти години од минатиот век.

Sava - Kranj (1)

Зафатот, кој го прави општина Центар, е на 4200 м2. Граѓаните, освен нова модерна фасада, на зима ќе добиваат и за 1/3 пониски сметки за греење.

Sava - Kranj (6)

Ова е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територија на општина Центар“, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски