Општина Центар: Надминат спорот со финансии, по Божиќните празници ќе проработат трите групи јасли во „Кочо Рацин“

Од:

„Конечно е надминато недоразбирањето со Министерството за финансии. Министерот ги одобри барањата за неопходните вработувања за новата градинка во општина Центар, „Кочо Рацин“.

Денеска е објавен огласот, а по Божиќните празници градинката ќе профункционира со полн капацитет.

Во моментот работат седум групи кои згрижуваат и воспитуваат деца од 2-6 години, а со новите вработувања трите групи јасли ќе примаат деца до две годишна возраст.

Со оваа одлука ќе се реши проблемот и за двете групи во објектот „Наум Наумовски Борче“. Проблемот датира од февруари месец 2015 година и по десеттината барања и ургенции сега е одобрено ангажирање на шест негуватели, еден воспитувач, двајца хигиеничари, еден доктор и еден помошник готвач.

„Кочо Рацин“ е најголемата и најсовремена градинка  во Република Македонија. Освен естетски пријатниот изглед, објектот има енергетски ефикасна фасада, подно греење, винил облога која е анти алергена, кујна со лифт за храна и функционални занимални, тоалети и простории за одмор.

Градинката има површина од 2.800 м2“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ