Општина Центар: На улицата Капиштец за прв пат е поставена нова атмосферска канализација

Од:

Општина Центар реагира на прес-конференцијата на Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесувањето на лаги и манипулации, сѐ со цел да ја деградира работата на општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Како што изјави на својата прес конференција градоначалникот Богдановиќ, на улицата Капиштец, која е во должина од 400 метри, за прв пат поставена е нова атмосферска канализација. Поставени се рабници во должина од 280 метри, реконструиран е коловозот со вкупна површина од 2600 метри квадратни и каблите од сите оператори се поставени под земја.

Наместо непродуктивни и некапитални вложувања во милионски споменици и фонтани, ова општинско раководство, предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ, редовно и навремено вложува во подобрување на уличната инфраструктура, со што се подобрува квалитетот на живот на граѓаните.

Досега, со летната акција за реконструкција на улиците на територија на општина Центар, завршени се „Бигла“; „Питу Гули“, како и улицата 171 во населбата Крњево, а во наредниот период ќе се реконструираат и „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и „Караорман“, а за прв пат по 40 години се реконструира улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во населбата Маџир Маало.

Општина Центар и службите, заедно со градоначалникот Саша Богдановиќ, како и досега и отсега ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните на општината“ се вели во реакцијата на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата