Општина Центар и МВР со апел: Не оставајте вредни предмети во становите и возилата

Од:

Општина Центар и МВР-СВР Скопје денеска го започнаа проектот „Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби во возила“.

На возачите и случајните минувачи, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од МВР-СВР Скопје, им делеа освежувачи со пораки, “Внимателна заедница е безбедна заедница“ и “Не оставајте вредни предмети во автомобилот“.

„Втора година по ред општина Центар заедно со МВР ја спроведува оваа акција со која апелираме до граѓаните да внимаваат и да не оставаат вредни предмети во становите и во возилата. Сакам да ја нагласам одличната соработка со МВР, особено со полициската станица Центар“, рече Богдановиќ.

Ова е прв дел од проектот кој се одвива како предупредување до граѓаните особено да се внимателни околу новогодишните и божиќните празници. Информативни табли ќе бидат поставени во влезовите на зградите со совети за поголема безбедност.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец