Општина Центар комплетно реконструираше 4 детски игралишта во “Градски Ѕид“

Од:

На барање и во договор со жителите, општина Центар комплетно ги реконструираше детските игралишта во четири сегменти на Градски Ѕид.

Децата сега можат да уживаат во современо изработените дрвени реквизити- лизгалките, платформите, клацкалките и лулашките. Платформите се врзани меѓу себе со мостови и скалила, а лизгалките се со различна големина, во зависност од возраста на децата.

Водејќи особено сметка за безбедноста на децата, игралишта се изведени со гумени подови, кои воедно се хигиенски и лесно се чистат, информираат од општина Центар.

Игралиштата се поставени во блок бр. 5 – Индијанско маало, блок бр.4 – позади “Просветно дело“, блок бр.3 – позади хотел “Бристол“, во близина на ООУ “Гоце Делчев“ и блок бр.2 – позади “Автомакедонија“. Поставена и дополнителна урбана опрема – клупи и канти за отпадоци.

Наредни игралишта кои ќе добијат нови реквизити, современ под и ќе бидат во весели детски бои се игралиштата во Пролет, на улицата “Цицо Поповиќ“ и кај Т.Ц. “Зебра“ во Капиштец.

Планот на општина Центар, грижејќи се децата да имаат убави и безбедни места за играње, е со текот на времето да ги реконструира сите детски игралишта на својата територија, посочуваат од Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар