Општина Центар: Ќе се урива диво изградениот оџак на „Броз Кафе“

Од:

„Општина Центар испрати допис до Министерството за внатрешни работи – Одделение за урбана полиција, со барање за давање на помош за обезбедување на извршување на службени работи.

На 13.11.2015-та година ќе започне отстранување на лимен оџак на “Броз Кафе“, кој е изграден без одобрение за градење.

При инспекциски надзор е утврдено дека инвеститорот “Хорека – Броз Кафе ДОО Скопје“ без одобрение има изградено лимен оџак со димензии ширина од 0.30 на 0.30 метри и должина од 3 метри, како и челична конструкција, со димензии 0.60 на 1.00 метар.

Инвеститорот беше уредно известен дека општина Центар донесе решение, со кое самиот да ја отстрани дивоградбата во определениот рок, што истото не го испочитува.

Инаку, жителите од зградата и околните објекти, каде што е сместен објектот, континуирано се жалеа во општина Центар на миризбата и чадот кои се ширеа од диво изградениот оџак“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар