Општина Центар ќе се справува со диво поставените летни тераси

Од:

Општина Центар подготвува заедничка акција заедно со Пазарна инспекција, МВР, овластен градежен инспектор и инспектор за животна средина, подготвува акција за ставање ред во поставување на урбана опрема пред угостителските објекти на својата територија.

Ќе бидат санкционирани сите сопственици кои немаат добиено одобрение за урбана опрема за зимската сезона, а Пазарниот инспектор може и да ги затвори. Овластениот инспектор на општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или на опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното, соопштуваат од Општина Центар.

Сопствениците на угостителските објекти кои ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат ниту дозвола за поставување на летни тераси.

Минатата недела беа испратени покани за угостителите на улица „Ленинова“( Аминта Трети), а во наредниот период вакви покани ќе добијат и сите сопственици. По добиената покана, со одобренија, доколку поседуваат треба да дојдат во општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар