Општина Центар ќе произведува струја, изгласана иницијатива за формирање јавно претпријатие

Од:

Општина Центар може да почне подготовки за формирање на јавно претпријатие за производство и трговија на електрична енергија со поставување фотоволтаици. Советот на Општината на денешната седница со 16 гласа „за“ донесе одлука да ја прифати иницијативата за формирање јавно претпријатие иако многумина советници бараа објаснување кој предлага да се формира претпријатието, колку би ја чинело Општината ново јавно претпријатие и зошто се брза без анализа да се донесе одлука.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Центар Горан Герсимовски на советниците им образложи дека е небитно кој предлага да се формира вакво претпријатие оти целта е час поскоро да се намалат сметките за струја.

„Продавачи на магла не ни требаат, се работи за интересот на граѓаните. Проблемот е сериозен. Ако сакате политички поени кој ја предложил, да дебатираме, еве, јас ја прифатив. Не продаваме магла, работиме со бројки. Ќе имаме и целосна информација, правиме физибилити студија со не наши пари, туку стручни луѓе кои сакаат сериозно да помогнат на граѓаните“, рече градоначалникот Герасимовски и објасни дека во тек е анализа за исплатливоста за поставување фотоволтаици на училиштето „Киро Глигоров“ кое има најголема сметка за струја од сите училишта во Центар.

Во прифатената иницијатива стои дека првична цел на јавното претпријатие е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации со кои стопанисува општина Центар како покриви на школи, градинки, ПОЦ и со нив да стопанисува. Во втора фаза да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации надвор од границите на општината како и да закупува покриви на приватни станбени згради на територијата на општината. Во последната фаза на развој ова претпријатие самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции како и други потрошувачи.

Во образложението е наведено и дека поради актуелната енергетска криза потребно е претпријатието итно да профункционира за да се избегне колапс на општината кој неминовно следи ако не се преземе ваква активност.

Би можело да ве интересира

Четвртоодделенците од основните училишта изминатата недела ја посетија и се запознаа со работата на Општина Центар

Ана Ололовска

Започнаа училишните спортски игри во Општина Центар

Герасимовски: Почнува Јавниот повик за доделување 3.300.000 денари за пензионерите во Центар

Горан Наумовски

Герасимовски: Граѓаните може да пополнат онлајн прашалник и да предложат проекти за својата населба

Ана Ололовска

Герасимовски: Заедно со граѓаните ќе најдеме решение за бучавата во Капиштец

Герасимовски: Обезбедуваме 260 нови паркинг места во Капиштец и резидентни паркинзи за центарци

Ана Ололовска