Општина Центар, како што стои во изборната програма на градоначалникот Саша Богдановиќ, започнува со реализација на проектот за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбените згради.
„На јавниот повик беа поднесени вкупно 51 пријава. Комисијата донесе одлука за избор на 10 станбени објекти кои ги исполнуваат условите за финансиска помош за санација на лифтови и 16 станбени објекти за финансиска помош за санација и поправка на покриви.
Општината ќе се вклучи со финансиска поддршка на лифтовите на станбените објекти:
1.ул.Васил Ѓоргов бр.32
2.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30
3.бул.Кочо Рацин бр.18
4.ул.Кирил и Методиј бр.48/4
5.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48/5
6.ул.Народен Фронт бр.25
7.ул.Васил Ѓоргов бр.32
8.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.38
9.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.24кула9
10.ул.Вељко Влаховиќ бр.19
Комисијата оцени дека е неопходна реконструкција на покривите на станбените објекти:
1.бул.Кочо Рацин бр.40
2.ул.11 Октомври бр.31
3.ул.Козара бр.42/1
4.ул.Цицо Поповиќ бр.3
5.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48/5
6.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.12
7.ул.Васил Ѓоргов бр.32
8.ул.50 Дивизија бр.39
9.ул.Народен Фронт бр.21-3
10.ул.Франклин Рузвелт бр.40
11.ул.Алберт Ајнштајн бр.1
12.ул.Цицо Поповиќ бр.1
13.ул.Вељко Влаховиќ бр.25
14.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30/3
15.ул.Димитрие Туцовиќ бр.22
16.ул.Мирослав Крлежа бр.51
Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари, за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација.
Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постоечки покривни конструкции и поправка и санација на лифтови“, се вели во соопштението на Општина Центар.