Општина Центар ќе гради стационар за бездомни животни

Од:

Општина Центар ја започнува процедурата за решавање на проблемот со бездомните животни. На иницијатива на градоначалникот Саша Богдановиќ, во буџетот за 2018-та се одделени 6.000.000 денари за изградба на стационар за згрижување на напуштени животни на територија на општината.

Досега немало проект за изградба на ваков стационар и Центар ќе биде првата општина која го прави ова и ќе биде пример за хумано справување со проблемите со бездомните кучиња и мачиња.
Денеска се одржа состанок со претставници на “Кане Корзо“, здружение за заштита на животните, а градоначалникот ги повикува сите заинтересирани здруженија да дојдат на консултации или да ги напишат своите предлози на [email protected].

Се разгледуваа неколку опции за локација за сместување на овој стационар кој што ќе ги исполни сите неопходни стандарди за згрижување. Напуштените животни ќе бидат сместени во стационарот до вдомување во семејства.

Со ова ќе се стави крај на бездомни кучиња кои се шетаат во централното градско подрачје, ќе се превенира за намалување на можни заразни болести кои се пренесуваат меѓу животните и ќе се обезбеди сигурност на децата и на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар