Општина Центар ќе ги реконструира коловозот и тротоарите на улицата „Апостол Гусларот“

Од:

„Општина Центар ќе ја реконструира улицата „Апостол Гусларот“, во Буњаковец која беше во катастрофално лоша состојба. Граѓаните со години реагирале на ударните дупки и оштетените ивичници.

Улица 'Апостол Гусларот' (4)

Улицата беше небезбедна и за граѓаните, но и за учениците, бидејќи тука се наоѓа основното училиште „Ј.Х. Песталоци“. Општина Центар ја започна реконструкцијата на коловозот и ивичниците на улицата, во должина од 180 метри, на потег од улицата „Стефан Јакимов Дедов“ до “Никола Тримпаре“.

Улица 'Апостол Гусларот' (2)

На најоштетениот дел од улицата целосно ќе се вади подлогата и ќе се става 2 тона асфалт, а во другиот дел ќе се гребе постојниот и ќе се поставува нов асфалт. На руинираните ивичници ќе се постават нови бехатон плочки, со што ќе се овозможи непречено движење на пешаците, а за лицата со посебни потреби – пристапни рампи.

Улица 'Апостол Гусларот' (3)

Ова е втора улица која се реконструира во делот на Буњаковец и е во рамките на проектот “Нова пролет-нова офанзива“.

Улица 'Апостол Гусларот' (5)

„Златко Шнајдер“ е наредната улица која ќе биде реконструирана во овој дел од Центар“, соопштуваат од Општината Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар