А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Центар: Казна за БЕГ поради самоволното однесување и оштетени улици

by А1он28/07/2017 - 11:55135
Share0

„Ископана улица и ударни дупки, уништени тротоари и зеленило, ова е сликата која остана на улица „Народен фронт“ во Капиштец, по интервенцијата на топлинската мреже од страна на БЕГ (Балкан Енерџи Груп).

Следете a1on на Instagram Instagram

И покрај укажувањата и претходната опомена од страна на Општина Центар, БЕГ и покрај даденото ветување продолжи со самоволието и не ги исполни обврските улицата и зеленилото да ги вратат во првобитна состојба. Иста е состојбата и на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало

Граѓаните со право реагираат и бараат од градоачалникот Андреј Жерновски да помогне да се среди хаосот кој го прави уништената улица и околина.

Следете a1on на Youtube YouTube

И покрај донесеното решение за враќање на прокопот во првобитна состојба на улица „Народен фронт“ и на улица„Ѓуро Ѓоновиќ“, инвеститорот „Снабдување со топлина“- БЕГ не постапи по решението и од тие причини Општина Центар ќе достави глоба до инвеститорот и изведувачот.

За инвеститорот, по член 150 став 1 од Законот за градење, глоба во износ од 7.000 евра за правното лице и глоба во висина од 30 посто од одмерената казна за правното лице ќе му се изрече за прекршокот на физичкото лице, одговорно во правното лице. За изведувачот, по член 156 б став 3, глоба во износ од 4.000 евра и глоба во износ од 30 посто за физичкото лице

Глобата мора да се плати во рок од 8 ден, во спротивно проблемот ќе се решава по судски пат.

Општина Центар, штитејќи ги пред се’ интересите на граѓаните, нема да дозволи самоволие на нејзина територија од страна на ниту една компанија.

БЕГ во иднина нема да добие дозвола за градежни активности на територија на Општина Центар се’ додека не ги исполни наведените обврски“, соопштуваат од Општина Центар.

centar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:0418/08/2026 - 21:51

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:55

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 09:4314/08/2026 - 09:48

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео