Општина Центар ја започна реконструкцијата на уште еден сегмент од Градски ѕид

Од:

“Српското маало“, кое е во строгото централно подрачје позади „Малага“ и „Просветно дело“, ќе блесне во нов сјај, соопштуваат од општина Центар.

Општина Центар, по „Индијанско маало“, ја започна реконструкцијата на уште еден парк во Градски ѕид, на површина од 7.000 метри квадратни.

Во склоп на проектот е сместен мултифункционален урбан елемент на дрвена подлога, направена во пачворк стил. Еден дел ќе биде за аудиторим и ќе има три маси за играње шах.
За најмладите се поставува ново современо детско игралиште, со безбедносна подлога од специјална гума.
Ќе биде поставена и нова урбана опрема, како и тревен бусен на 500 метри квадратни. Ќе бидат насадени 150 високо родни дрвја, 4100 зимзелени и листопадни грмушки и зимски и летен расад. Зимзелените и листопадните грмушки даваат цветови во различен период од годината.

За да се одржува зеленилото постојано, за првпат тука ќе биде поставен автоматски систем за полевање, информираат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање