Општина Центар ја започна изградбата на втората „Боемска улица“

Од:

„Општина Центар ја започна изградбата и на втората „Боемска улица“, кој ќе се протега од улицата “Орце Николов“ до зад Градежниот факултет.

Во должина од 650 метри и површина од 4000 метри квадратни,  природните материјали и гранитната коцка на новата “Боемска улица“ ќе ги заменат старите и дотраени бекатон коцки и улични рабници, ќе биде поставена нова атмосферска канализација, а површинските води и водата од олуците ќе се сливаат преку поцинкувани канали.

Vtor del - Boemska (1)

Грдата слика на висечките кабли од кабловските оператори и од ЕВН, ќе стане минато и истите ќе бидат ставени под земја.

Гостите во кафеаните и рестораните ќе можат да уживаат во тишината, бидејќи улицата ќе биде колско-пешачка, со посебен режим на сообраќај. Улицата ќе ја краси нова урбана опрема, ново зеленило, а постоечкото улично осветлување ќе биде збогатено со високо квалитетни канделабри.

Vtor del - Boemska (3)

Со развивањето на проектот, преку втората и нова “Боемска улица”, се создадоа услови овој дел од Дебар Маало да го носи името “Боемски кварт”, чија трета фаза треба да продолжи со реконструкција на ул. Михаил Цоков и нејзино претворање во пешачка зона.

И овој проект е дел од акцијата на општина Центар “Нова пролет, нови проекти!”, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар