ВИДЕО: Општина Центар ја стопира изградбата на улица на кејот на Вардар

Од:

Со 12 гласа за советот на Општина Центар ја стопираше одлуката за изградба на улица на кејот на Вардар. Сопствениците на објектите на кејот со аплауз ја поздравија одлуката да се стопира градбата на улица на чие место ќе бидат поставени зеленило, клупи и чешми.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставија на одлуката да не се гради улица. Тие ја побараа скицата за улицата иако таа им беше претходно приложена.

– Образложението за скица од претходните материјали не важи. Немаме скица каде ќе биде улица, а каде пешачка патека, рече Илија Илиовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците повторно побараа да им биде кажано дали ќе биде обезбеден влез на итна помош и пожарна, иако и сопствениците на околните кафулиња потврдија дека како досега така и отсега ќе има простор за тие возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар