Општина Центар ја реконструира зградата на „Цицо Поповиќ“ бр.7 во Пролет

Од:

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 7, со вкупна површина од 1500 м2. Ова е една од повеќето згради кои ја формираат населба Пролет, изградена во 1948 година, како прва станбена населба по Втората светска војна.
Руинираната фасада, за која реагираа граѓаните, наскоро ќе добие нов изглед.

„Како и на сите досегашни реконструкции на зградите, општина Центар става енергетско ефикасни фасади околу целата зграда, а не само на предниот дел. Ќе биде задржан автентичниот изглед, а боите ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Објектите во оваа населба се проектирани од архитект Михо Чакеља, кој е е автор и на објектот на Ибни Пајко.

Досега, со доаѓањето на новото општинско раководство, енергетска ефикасност добија 13 фасади. И наредната реконструкција на фасада ќе биде на зграда во населба Пролет“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање