Општина Центар ја реконструира атмосферската и фекалната канализација на ООУ „11-ти Октомври“

Од:

Општина Центар започна со комплетна промена на целата атмосферска и фекална канализација во ОУ “11-ти Октомври“. Проблемот кој датира од 50-тите години на минатиот век, кога е изградено училиштето, ќе биде надминат, соопштуваат од општината.

– Фекалната канализација и атмосферските води се враќаа назад во санитариите. Со реконструкцијата ќе се пренасочат фекалните и атмосферски води во главната атмосферска канализација. Со тоа ќе се задоволат критериумите за хигиена и безбедност, лесно одржување, трајност и отпорност на вградените материјали, се вели во соопштението од општина Центар.

Атмосферската канализација ќе биде во должина од 90 метри, а фекалната во должина од 85 метри. Зафатот општина Центар ќе го заврши за десеттина дена.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата