Општина Центар ја доби согласноста од Министерството за финансии

Од:

„Општина Центар, два  дена по  директното обраќање  на градоначалникот Андреј Жерновски до министерот Зоран Ставревски, денеска ја доби согласноста за задолжување за обезбедување финансиски средства за изградба на општинско основно училиште во Капиштец.

Министерството потврди и одобри дека општина Центар има финансиски капацитет да се задолжи во износ од  297.750.000.00 денари, кои ќе бидат наменети за изградба на првото училиште во оваа населба. Општината ги исполнува сите услови за подигнување на кредит, бидејќи претходно по предлог на градоначалникот, беше раскинат договорот за кредит за изградба на барокна катна гаража, склучен од претходното раководство и одлучи парите да ги инвестира во изградба на ново, современо основно училиште.

Општина Центар, од утре продолжува со неопходните активности за заокружување на постапката и  избор на банка-кредитор. Останува Владата и формално да го потврди конструктивниот пристап и да донесе одлука за долгорочно задолжување кај избраната деловна банка, со што општина Центар ќе нема проблеми и пречки во изградбата на училиштето“, се вели во соопштението на Општина Центар.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар