Општина Центар ја асфалтираше улицата „Коста Веселинов“ во Дебар Маало

Од:

Општина Центар ја асфалтираше и ја завршува комплетната реконструкција на улицата „Коста Веселинов“. На коловозот со површина од 420 м2, заменет е тампонскиот слој и поставен е новиот асфалт.

Реконструкцијата на оваа улица, која се протега од „Орце Николов“ до „Илинденска“, е проблем бидејќи претходните општински раководства без да ја извадат постојната калдрма ставале асфалт. Затоа, сега мораше да се извади и асфалтот и калдрмата.

Граѓаните реагираа на дупките на улицата настанати поради многубројните прекопи и затоа, во договор со нив, општина Центар пристапи кон целосна реконструкција.

Се менува и тротоарот на површина од 175 м2 и се поставаат павер елементи, соопштуваат од Општина Центар.

Во Дебар Маало, во тек е реконструкцијата на дел од улицата „Наум Наумовски – Борче“ од булеварот „Илинден“ до кружниот тек, а следна улица која ќе се обновува во овој дел од Центар е „Коле Неделковски“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски