Општина Центар: Извинување од „Журнал“ или тужба за клевета

Од:

Општина Центар најостро ги демантира написите во провладините медиуми за наводна прослава во „Александар Палас“ на сметка на општина Центар.

Општината ниту организирала, ниту платила било каква забава во хотелот, како што се шпекулира, а истото важи и за „ПОЦ“, за кое се вели дека ги покрило трошоците.

Лагата која се обидува да ја пласираат на сметка на општината е заради фактот што општина Центар е единствената општина која организираше голема хуманитарна акција и собра значителни средства кои ќе ги донира за жителите од социјално загрозените семејствата.

Бараме порталот „Журнал” да го објави овој демант во законски предвидениот рок, во спротивно општина Центар ќе покрене тужба за утврдување на одговорност и надоместување на штета за навреда и клевета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар