Општина Центар издаде 11 решенија за отстранување на урбана опрема

Од:

Во рамки на есенската акција на Секторот за инспекциски работи на општина Центар за регулирање, расчистување и уредување на урбаната опрема поставена на територија на општината, издадени се 11 решенија за отстранување на урбана опрема.

Поради непочитување на правилата за поставување на урбана опрема и отстапување од примарните одобренија за поставување на урбана опрема, Секторот за инспекциски работи на 11 правни лица издаде правосилни решенија за отстранување и рушење на диво поставената опрема.

Со издавањето на овие решенија на правните лица општината им наложува во законски предвиден рок самите да ја отстранат диво поставената урбана опрема. Решенијата веќе се испратени на понатамошна обработка и доколку правните лица не ја отстранат урбаната опрема, општината самостојно ќе постапи по решенијата за отстранување.

„Со ова, градоначалникот Саша Богдановиќ и општина Центар продолжуваат со заложбите за доведување во ред на поставувањето на урбана опрема на територија на општината, со што ќе се олесни движењето на граѓаните на улиците и ќе се нормализира сообраќајот на возилата“ велат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје