Општина Центар: Инвеститор на ул. „Мајаковски“ сам ја отстранува дивоградбата

Од:

Општина Центар нема да ги толерира дивоградбите и самоволното градење на својата територија.

„На улица „Мајаковски“ инвеститорот незаконски и непочитувајќи го одобрението за градење при градбата на објектот за станбено домување изградил на мезанин арматурно бетонска плоча со димензии 8.23 х 5.50 и второ поткровје со димензии 17 метри на 9.75 метри.

Од страна на овластениот градежен инспектор, на инвеститорот со решение му е наредено во определен рок да ги отстрани недостатоците и да ја усогласи градбата.

За да не дојде до присилно отстранување и уривање на дивоградбата, инвеститорот ја прекина изградбата и сам пристапи кон отстранување на дивоградбата.

Општина Центар и овластените градежни инспектори внимателно ја следат состојбата на теренот во општина Центар и ќе интервенираат при секое отстапување од правосилните одобренија за градење“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец