Општина Центар и ПС “Центар“ заедно до поголема безбедност и заштита од кражби

Од:

Општина Центар и ПС “Центар“, ја започнаа акцијата “Заедно до поголема сигурност, заштитете го домот од кражби“.
Зачестените обивања во домовите и кражбите во летниот период, кога граѓаните се на одмор, беа причина за спроведување на еден ваков проект во јули-август, преку флаери, кои се дистрибуираат и лепат на влезовите во зградите.

Во септември, на возачите ќе им бидат поделени фрешери со едукативна содржина.
На денешниот состанок во општина Центар се договорени детали за поуспешна работа. Основни безбедносни совети се:
ОСНОВНИ БЕЗБЕДНОСНИ СОВЕТИ:

• Сите врати и прозорци да бидат добро затворени
• Не дозволувајте непознато лице да влезе во вашиот дом
• Пријавете во полиција на 192 ако забележите нешто сомнително
• Негувајте и развивајте добрососедски односи (добар сосед – сигурен стан)
• Чувајте ги вредните предмети на сигурно место
• Не оставајте впечаток дека сте отсутни од дома
• Организирајте редовна советодавна група на граѓани за да го заштитите соседството
• Периметарот на вашиот стан или куќа треба да биде добро осветлен
• Никогаш не оставајте ја надворешната врата отклучена
• Инсталирајте алармни уреди, безбедносни камери
• Не го објавувајте вашето отсуство до дома на социјалните мрежи

ЗАШТИТА ОД ЏЕБНИ КРАЖБИ

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ:

• Понесете ја со себе само потребната сума пари и кредитните картички
• Парите, картичките и ситните пари, носете ги одвоено, во внатрешните џебови
• Доколку носите торба, отворот на торбата да биде свртен кон телото
• Обратете посебно внимание на вредните предмети кога се наоѓате во гужва
• Торбата не ја оставајте никогаш отворена и да биде секогаш до вас на видно место

ЗАШТИТА ОД КРАЖБИ ВО АВТОМОБИЛ

• Не оставајте клучеви и документи во возилото
• Не оставајте вредни предмети на видно место во возилото
• Сите врати и задната врата (гепек) секогаш заклучувајте ги
• Не го оставајте возилото на темно или напуштено место подолго време

Граѓаните за сомнителните лица кои влегуваат во нивните влезови или во туѓи куќи, можат да се обратат на телефонскиот број 192.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски