Општина Центар и проект „Среќа“ го одбележаа Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

Од:

„Сиромаштијата е најлошата форма на насилство“ – Општина Центар и проект „Среќа“ го одбележаа Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

На 17-ти октомври, Меѓународниот ден на сиромаштијата, се потсетуваме на мислата на Нелсон Мандела: “Сиромаштијата не е случајна. Исто како ропството и дискриминацијата, таа е создадена од човекот и само тој може да ја отстрани”.

Токму затоа, општина Центар и проектот “Среќа“ организираа кампања за борба против сиромаштијата. Еден од најголемите проблеми со кој се соочува Р. Македонија, бидејќи според официјалните податоци, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, 1/3 од населението живее под прагот на сиромаштијата, а 150.000 семејства преживуваат со под 40 денари дневно.

“Општина Центар во текот на целата година се грижи за своите најзагрозени жители. Доделуваме социјални пакети, како и огревно дрво на лицата кои примаат социјална парична помош, а се регистрирани во меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Одвојуваме средства за еднократна парична помош за лекување и оперативни зафати или влошена социјална положба за овие жители на општина Центар. За прв пат, од оваа година, општина Центар на 7 ученици од основните училишта на нејзина територија, кои постигнале солиден успех во учењето, а доаѓаат од социјално загрозени семејства, ќе ги стипендира со по 3000 денари во секој од наредните 8 месеци“, рече градоналалникот Андреј Жерновски.

Општината врши покривање и на трошоците за превоз и на децата роми, жители на општина Центар, од нивните домови до градинката “Раде Јовчески – Корчагин“.

Министерката Ременски најави дека се залага стапката на сиромаштија да се намали под 18%.

“Не се доволни само проекти, туку севкупна борба против сиромаштијата која треба да биде нелицемерна. Република Македонија има многу хумани граѓани. Граѓанската одговорност е едно, а државната обврска друго“, рече Ременски, залагајќи се за формирање на Државна банка за храна.

Кристина Арнаудова, претседател на здружението “Проект Среќа“, главен иницијатор на проектот, посочи дека соработката со општина Центар на овој проект е дека општината има најголем број проекти кои ја таргетираат сиромаштијата. Со тоа, се зголемува свеста за помош на сиромашните и бездомниците.

“Не можеш на гладно дете да му кажеш дека си му дал храна вчера“, “Сиромаштијата е како казна за дело кое не сте го извршиле“, “Никој не станал сиромашен од давање“, “Сиромаштијата е битка која можеме да ја добиеме и да ја претвориме во минато“, се дел од пораките кои деновиве во рамки на кампањата ги упатија познати јавни лица во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски