Општина Центар и Х.Е.Р.А. заедно за помош и грижа на повозрасните

Од:

Општина Центар, во соработка со Здружение на граѓани Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување ја започнува реализацијата на идејата за помош и поддршка на старите лица преку отварање на сервис за грижа на стари лица ”Нега Плус”

Од денеска, жителите на Центар, постари од 56 години, ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број – 0800 23151 (од 13:00 до 17:00 часот), или да напишат електронска порака на [email protected]. Општина Центар е прва единица на локалната самоуправа која на своите повозрасни жители им нуди ваков тип на помош и грижа за нив.

A5_flaer_Stari_lica_PRINT_nov-page-001

Професионално обучени негуватели на овие лица, во домашни услови, ќе им ги пружи следните услуги:

-Помагање во одржување на домот

-Помош и поддршка во извршување на секојдневните активности

-Извршување на задачи од ергономски аспект

-Извршување на задачи од медицински аспект

-Помагање во одржување на домот

-Психо-социјална поддршка

Негувателите ќе бидат во посебни униформи и ќе имаат легитимации.

A5_flaer_Stari_lica_PRINT_nov-page-002

Сервисот ”Нега Плус” за давање на помош и нега во  домашни услови е на располагање за луѓето кои се во длабока старост,  лица кои имаат намалени физички и ментални способности, лица со попреченост, болни лица и лица кои се во терминална фаза на болеста, поради што тие не се во состојба самостојно да живеат и да се грижат за своите домови без да имаат редовна нега и надзор.

Сервисот „ Нега Плус“ е отворен со финансиска помош на Американската амбасада во Скопје, во партнерство со Општина Центар која обезбеди локација, технички услови за работа и бесплатна линија.

Локација : ул. Кеј 13 Ноември бр. 2/1/6

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар