„Граѓаните кои живеат во околината на полициската станица „Беко“ се жалат на неподносливата миризба и узурпацијата од страна на сендвичарата „Гиро Беко“.
Револтирани од ситуацијата се и припадниците на МВР од ПС „Беко“ и околните продавници и локали“, соопштуваат од Општина Центар.
„Инспекција на општина Центар, по пријавите изврши увид на состојбата и констатираше дека „Гиро Беко“ ги има затворено пасажите и поставено урбана опрема во и надвор од пасажот, без дозвола.
„Гиро Беко“ нема ниту дозвола за оџакот, а силната миризба им пречи на станарите. Сендвичарата нема изготвено ниту елаборат за заштита на животната средина.
Инспекција на општина Центар ќе донесе решение за отстранување на неправилно поставената опрема и оџакот на сендвичарата „Гиро Беко“, се вели во соопштението на Општина Центар.