Општина Центар го уредува јавното зеленило

Од:

Општина Центар, во соработка со Градот Скопје и ЈП Паркови и зеленило Скопје, спроведува акција за уредување на јавни зелени површини на целата територија на Општината.

Акцијата опфаќа косење на тревници, кастрење грмушки и сечење на суви, стари и деградирани дрвја.

Се отстрануваат гранките кои беа потенцијална опасност за минувачите и возилата.

Во текот на минатите денови, спроведена е акција за кастрење на грмушки по должина на улицата Димче Мирчев, потоа по должина на улицата Белградска, над Клинички Центар, уредување на целиот комплекс зеленило во подножје на црквата „Св. Јован“, како и кастрење на грмушки кај скалите кај ресторанот „Два Елена“ и кракот на ул. Питу Гули.

Со акцијата, се уредија локациите и се овозможи движење на минувачите по пешачките патеки покрај коловозите.

opstinaCentarZelenilo (2)

Во текот на акцијата, спроведено е сечење на сувите брези по должина на улицата Народен Фронт до ТЦ Беверли Хилс.

Редовно, се спроведува косење на јавните зелени површини. Во текот на минатите денови, искосени се површините во населбите: Пролет, Маџир маало, Кале и Капиштец.

opstinaCentarZelenilo (1)

Во акцијата учествуваа екипите на ЈП Паркови и зеленило со механизација, како и работниците ангажирани за јавна чистота од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар