А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Центар го реконструираше водоводот и коловозот на „Људевит Гај” во Дебар Маало

by А1он23/06/2017 - 12:55204
Share0

Жителите на улицата „Људевит Гај“ живеат во срцето на Центар, во Дебар Маало. Но секојдневно, при најмал дожд, се бореа со вировите полни вода, а движењето и возењето автомобил не беше безбедно.

Следете a1on на Instagram Instagram

Улицата беше целосно руинирана и жителите се жалеа кај градоначалникот Андреј Жерновски, се вели во соопштението на Општина Центар.

Сега по завршената целосна реконструкција, улицата доби нов лик.

Следете a1on на Youtube YouTube

Поради дотраеност на постојната водоводна инсталација, oпштина Центар изврши комплетна обнова на водоводовната мрежа во должина од 71 метар, со пречник од 80мм. Поради новоизградените објекти, се изврши приклучување на 5 постојни и 2 нови објекти.

Со реконструкцијата се овозможи квалитетно снабдување со вода на постојните објекти и идните објекти предвидени со планска документација.

Веќе ги нема големите дупки и на коловозот е поставена асфалтна подлога на површина од 420м². Разликата е очигледна, што може да се види и од фотографиите од тоа како изгледаше улицата „Људевит Гај“ пред и по реконструкцијата.

Ова е 17-та улица што се реконструира во Дебар Маало за време на овој четиригодишен мандат, соопштуваат од Општина Центар.

centar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:0418/08/2026 - 21:51

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:55

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 09:4314/08/2026 - 09:48

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео