Општина Центар го реконструира делот на “Ленинова“ од “Партизански одреди“ до “Орце Николов“

Од:

Општина Центар започна со третиот дел од реконструкцијата на улицата “Ленинова“, во должина од 310 метри, на потегот од булеварот “Партизански одреди“ до улицата “Орце Николов“. Коловозот беше во лоша состојба, со ударни дупки и прекопи и граѓаните се жалеа на безбедноста на движење и возење.

Се вади тампонскиот материјал и се вградува нов тампонски слој. Ќе се постави нов асфалт на цела должина на коловозот, на површина 4500 м2.

На овој потег од “Ленинова“ никогаш немало атмосферска канализација и затоа доаѓаше до мешање на атмосферската со фекалната канализација, како и до создавање на вирови после секој поголем дожд.
Нова атмосферска канализација, која ќе ги прифати атмосферските води од улицата, ќе се изгради во должина од 160 метри.

По комплетирање на третата фаза, општина Центар ќе ја реконструира улицата “Ленинова“ и на потегот од булевар “Партизански одреди“ до Клубот на пратеници, соопштуваат од Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар