Општина Центар го отвори седмиот клуб на пензионери „Миле Арсовски“

Од:

Ново место за другарување и забава на пензинерите од општина Центар. Општината денеска го отвори седмиот клуб на пензионери, кој е сместен зад Универзалната сала, во Урбаната заедница „Миле Арсовски“.

Нов клуб на пензионери - Општина Центар (3)

Претседателот на Здружението на пензионерите во Центар, Павле Спасов, ја посочи одличната соработка со општината, со градоначалникот Андреј Жерновски и со општинските служби.

Нов клуб на пензионери - Општина Центар (4)

Отворањето и грижа, рече Жерновски, за повозрасните жители е еден од нашите омилени проекти.

Нов клуб на пензионери - Општина Центар (1)

“Како што нашата грижа е насочена кон помладите, со отворање на градинка и изградба на ново училиште, кои се и ќе бидат најсовремени и најубави во Македонија и со реконструкција на веќе постојните, така водиме посебна грижа и за повозрасните граѓани, кои ни го овозможија и изградија сето ова што го имаме. Од утре почнуваме да работиме на отворање на осмиот клуб на пензионери, со што го исполнуваме ветувањето за целата територија на Центар да биде покриена со вакви неопходни места за нашите повозрасни сограѓани“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Нов клуб на пензионери - Општина Центар (2)

На пензионерите им посака здравје и среќа и им најави новогодишна средба, а тие него – по успешната кариера и среќа, да си дочека мирни пензионерски денови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар