Општина Центар го отстапи чувањето на спомениците на Град Скопје

Од:

Советниците на Општина Центар едногласно одлучија чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен-обележјата од проектот Скопје 2014 на подрачје на Општина Центар да го отстапи на Град Скопје.

Само за одржување на фонтаната на Александар Македонски и двете фонтани во Вардар во изминатиот годишен период се потрошени околу 145.000 евра, од кои 35.000 евра само за струја.

skopje-plostad-064

За одржување на сите споменици и фонтани, невклучувајќи ги плоштадите „Пресвета Богородица“, „Карпошово востание“ и мостовите „Око“ и оној на уметноста, Општината на годишно ниво има трошок од околу 255.000 евра.

За физичкото обезбедување Општината за период од две години ќе треба да плати речиси 60.000 евра.

За одржувањето на вечниот пламен во паркот „Жена-борец“ општинската каса треба да е покуса за 7.000 евра, а две полнења на резерватот во период од шест месеци чини околу 3.500 евра.

prometej-jeremic

Ова, всушност, се смета како предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар според одредбите на Законот за локална самоуправа, а меѓу себните права и должности да се уредат со договор што ќе го склучат двајцата градоначалници.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан