Општина Центар го доградува и реконструира училиштето „Гоце Делчев“

Од:

Општина Центар ја започнува дого очекуваната реконструкција и доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ (поранешно „Владимир Илич Ленин“).

Поради малиот број на училници, учениците мораа да ја посетуваат наставата во две смени, што редовно создаваше проблеми и кај родителите.

Овој проблем се провлекува откако е основано училиштето, односно од 1958 година. Конечно, со новите дополнителни 4 училници и 4 простории, наставата ќе се посетува во една смена, а попладневните часови ќе бидат слободни за други активности на децата.

Со доградбата на нови 476 м2 , односно сутерен, приземје и 2 ката, покрај училници се обезбедуваат и дополнителни простории кои ќе служат за одмор, читање и додатни активности.

Ќе биде поставен и лифт кој ќе ги поврзува сите нивоа на објектот, со што ќе се обезбеди пристапност и за лицата со посебни потреби.

Подовите во новите училници ќе бидат направени од квалитетен материјал и ќе бидат топлинска и звучна бариера меѓу теренот и внатрешниот простор, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар