Општина Центар: Глоба за локалите поради бучава

Од:

Општина Центар нема да дозволи да не се почитува Законот за бучава и да се нарушува ноќниот мир на жителите.
По укажување на граѓани за бучава од гласна музика, општина Центар спроведе инспекциски надзор во угостителски објекти.

Инспекцијата во ноќните часови, направи надзор во 6 локали: Џуси бар, Бастион, Локал 45 и Радио Бар, лоцирани на улиците „Ленинова„ и „Пиринска“, Колектив Бар на Плоштад „Македонија“ и Нола бар во Капиштец. По извршените мерења од овластена лабораторија за животна средина, добиени се извештаи за надминување на дозволеното ниво на бучава.
Овластениот инспектор за животна средина ги посети сите угостителски објекти, по што изготви решенија со кои ги упати да превземат мерки за намалување на нивото на бучава во рамките на пропишаните гранични вредности.

Согласно Законот за заштита од бучава, на објектите им се доставуваат платни налози за глоба за сторен прекршок во висина на одмерената сума согласно Законот за прекршоци.

На четири од локалите им е одмерена глоба во вредност од 300 – 500 евра. Доколку глобата се плати во рок од 8 дена вредноста се намалува за половина. За два од објектите, постапката е во тек, бидејќи се чека да поднесат годишни сметки според кои ќе се одмери казната.

Бучавата од гласна музика е проблем во општина Центар, бидејќи на мал простор во станбени објекти, приземни делови на зградите се наменети за кафулиња и тука во ноќните часови се одржуваат забави со голем број на гости и гласна музика.

Општина Центар апелира до граѓаните да пријават гласна музика, и вознемирување во Полициската станица Центар, под чија надлежност е нарушување на јавниот ред и мир. Општина Центар заедно со МВР ќе преземе континуирани и редовни контроли по што ќе се превземат неопходните мерки, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски