Општина Центар ги сопре градежните активности на кејот на Вардар

Од:

Овластен градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, излезе на терен за да ја констатира фактичката состојба со почетокот на градењето на улицата на кејот на Вардар, со решение на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, издадено на 31.12.2016-та година.

Овластениот градежен инспектор издаде решение за стопирање на сите градежни активности на кејот. На градилиштето, како што пропишува законот, нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи, соопштија од Општина Центар.

Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да биде јавно истакната на градилиштето.

На ова градилиште недостасува и елаборат за околчување на теренот од овластена геодетска фирма, лиценци за инженер за изведба, надзорен инженер и елаборат за заштита при работа. Затоа, овластениот градежен инспектор на општина Центар ја издаде наредбата за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски