Општина Центар ги отстранува нелегалните тераси на угостителските објекти

Од:

По извршениот инспекцискинадзор на угостителски објекти на територијата на Општина Центар со кој се утврдува легалноста на поставена урбана опрема надвор од деловен објект, Општина Центар започна со отстранување на нелегалните тераси на повеќе од 20 објекти, а во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период.

Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека, и покрај немање Одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, истите ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор.
На листата објекти кај кои Општина Центар во изминатиов периодутврдила нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се: Ресторан Гурмет, Кафе бар Паладиум, Кафе бар Кофи Фектори, Гостилница Сушико, Гостилница Лантерн, Ресторан Барака, Кафе Бар Броз Кафе, Гостилница Фрути ди Маре, Кафе Бар Деус, Бистро Правда, Кафе бар Нано бар, Гостилница Бруклински, Гостилница Булевар, Кафе Бар Винил, Кафе бар Џус Бар, Кафе бар локал 45 и Гостилница Сквер, соопштуваат од Општина Центар.

Инаку, споменатите објекти по доставено барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема добиле официјално Решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но и покрај тоа, тие постапиле спротивно од Решението.

Согласно процедурата, иснпекциските служби на Општина Центар по извршениот увид, му издаваат на инвеститорот Решение за отстранување на што претходи определен законски рок и можност инвеститорот сам да постапи по Решението. Доколку инвеститорот не го стори тоа, општината со полициска асистенција, ќе го отстрани нелегалниот дел, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар