ФОТО: Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици

Од:

Општина Центар, четврта година по ред, ги награди најдобрите предметни и одделенски наставници, како и најдобите ученици од седумте општински основни училишта.

За општина Центар, доброто образование е иднина за добри граѓани и затоа, го вреднува успехот, квалитетот, посветеноста и талентот на учениците и наставниците.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, додели 14 овогодинешни награди за најдобрите наставници (по 22.300 денари) и седум награди за најдобрите ученици (по 15.000 денари).

„Ова општинско раководство и јас како градоначалник, ќе продолжиме да вложуваме во образованието, а овие награди нека бидат поттик и за наставниците и за учениците“, рече градоначалникот Жерновски.

Во овие четири години, доделени се вкупно 84 награди, од кои 56 наставнци и 28 ученици ги добија овие признанија.

„Убавината на секое признание е награда за она што сме го вложиле. Да си посакаме уште многу генерации на успешни наставници и ученици“, рече раководителот на одделението за образование, Јагода Јанковска.

Градоначалникот го исполни минатогодишното ветување дадено на Денот на општина Центар – награда за самоиницијативно создавање химна на општината ѝ беше доделена на наставничката по музичко образование во ООУ „Димитар Миладинов“, Славјанка Димова.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски