Општина Центар ги чисти, варосува и осветлува гаражите во Градски ѕид

Од:

Гаражниот простор под блокот „Малага“ во Градски ѕид, во ноќните часови беше како сцена од хорор филм, полн со шут, стари електрични уреди и беше неосветлен, велат од Општина Центар.

Општина Центар пред 2 години комплетно го исчисти овој дел, но истиот повторно се наполни со смет.

Жителите се пожалија до надлежните во општината и лично до градоначалникот Андреј Жерновски и службите веднаш почнаа со расчистување, соопштуваат од Општината.

Се вади отпадот, се глетуваат и варосуваат ходниците, се поставува ново осветлување, а за безбедност на просторот и на граѓаните, општина Центар ќе стави безбедносни врати.

Општина Центар апелира до жителите сметот и шутот да го фрлаат на точно определените локации, но доколку се јави поголем проблем, да ги консултираат и да пријават на надлежните во Општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски