Општина Центар: Енергетска фасада и нови бои на зградата на булевар „Илинден“ 83

Од:

„Зградата  на булевар „Илинден“ бр. 83 блесна во нов лик и нови бои. Новата енергетско-ефикасна фасада, во договор со жителите, е во сиво-портокалови бои.

Нова фасада 1

Оваа зграда, со површина  од 2 135 м2, е деветтта по ред која ја реконструира општина Центар. Како и за сите досегашни фасади, се задржа автентичниот  архитектонски изглед.

Оштетената фасада,  која не беше реконструирана речиси 60-тина години,  од која паѓаше малтерот и цели делови, сега е енергетски ефикасна, а сметките за струја за  граѓаните ќе бидат  пониски за 1/3.

Нова фасада 2

Наскоро ќе биде готова и десеттата фасада, која се работи на зградата на ул. „Иван Милутиновиќ“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар