Општина Центар: ДУП-овите, согласно Законот, не се донесени

Од:

Општина Центар ја информира јавноста дека на вчерашната седница не беа донесени ДУП “Тасино Чешмиче 1, Општина Центар-Скопје”, и ДУП “локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно,Мало курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје”, бидејќи во член 62, став 2, од Законот за локална самоуправа, јасно е наведено дека:

„Прописите се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определно со овој или друг закон“. 

Со оглед на тоа дека на вчерашната седница поддршка за спорните ДУП-ови дадоа 11 од вкупно 23 советници, плановите не се донесени.

ДУП-овите, спротивно на законот, беа поставени на Дневен ред на 23-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на советниците на ВМРО – ДПМНЕ.

„Дополнително, со предложените измени, ДУП “Тасино Чешмиче 1” не може да биде усвоен бидејќи не е во согласност со ГУП на Град Скопје, донесен од Советот на Град Скопје“, соопштуваат од општина Центар..

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории