Општина Центар: Досега, комплетно се реконструирани шест улици

Од:

Општина Центар реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и денеска одржа безидејна прес конференција на која повторно изнесе лаги и дезинформации, сѐ со цел да се дискредитира работењето на општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ.
Граѓаните секојдневно ги препознаваат позитивните проекти и работи во општината. Досега, комплетно се реконструирани шест улици со што поставен е вкупно 4.500 м2 нов асфалт, на две улици се работи интензивно, а секојдневно службите на општината по јавување на граѓани, работат на санирање на ударните дупки и оштетените тротоари. Општината се чисти секојдневно и редовно и грижата за чистата и здрава животна средина е евидентна.

Особено внимание се обрнува на создавање максимално добри услови за престој и образование на децата. Целосно се реконструирани јаслите во градинката Кочо Рацин клон Бели Мугри и во матичниот објект на градинката 13-ти Ноември, реновирани се две занимални. Децата од ООУ Кочо Рацин добија поголем простор и нови 8 училници и работни простории, а во истото училиште реконструирани се уште 8 други. Дефектолошка служба со петнаесет дефектолози секојдневно работат и им помагаат при наставата на учениците со посебни потреби.

Општина Центар по 50-тина години ќе го добие новото и најсовремено училиште во населбата “Капиштец“, а во моментов се вршат последните подготовки за почеток на отворање на Банката за храна, со што ќе се исполни изборното ветување на градоначалникот Богдановиќ за Нула глад во општина Центар.

За криминалните ДУП-ови, донесени од страна на раководството на општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ, општина Центар донесе одлука за запирање на спроведување, односно ‘Мораториум на градби’, со цел да се преиспита начинот на носењето на ДУП-овите, а за граѓаните да се обезбедат хумани услови за живеење.

Градоначалникот Богдановиќ со својата досегашна работа и активности, јасно покажа дека има визија и дека знае да ја направи општина Центар поубаво место за живеење за сите нас“ се вели во реакцијата на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција