Општина Центар: Доколку од ОУ „11-ти Октомври“ излезат на штрајк, Жерновски и соработниците први ќе ги поддржат

Од:

„Општина Центар во целост го разбира незадоволството на вработените во основното училиште “11-ти Октомври“, кои ја немаат примено октомвриската плата. Сакаме да ги информираме дека општината навреме и целосно ја исполни својата обврска, за да можат вработените во училиштето да добијат плата.

Во вторникот, откако по налог на В.Д. директорот Васко Лазаревски, Даниела Костадинова го потпиша документот за плати и беше доставен во општина Центар, надлежните во Секторот за финансии веднаш ги подготвија сите документи и ги доставија до Министерството за образование. Зошто личниот доход не им е исплатен на вработените, можеме само да претпоставиме.

Во моментот кога вработените би се одлучиле на штрајк, градоначалникот и вработените во општината ќе ги поддржат и први ќе излезат да штрајкуваат пред институциите каде што се кочи работата, а тоа се Министерството за образование и Централниот Регистар на Р. Македонија.

Затоа, вчерашниот текст, лиферуван од провладините медиуми во врска со случувањата во основното училиште “11-ти Октомври“, е нарачан и тенденциозен. Очигледно, некој во училиштето посакува и прави  се’ да се создаде незадоволство и да се предизвика штрајк.

Централниот Регистар на РМ се’ уште не се изјаснува околу тоа кој е овластен потписник од основното училиште – разрешената директорка Даниела Костадинова или назначениот В.Д. директор, Васко Лазаревски. Случајно или намерно, оваа институција за само еден час донесе одлука да и’ го признае потписот на Костадинова, откако таа за неколку часа го доби спорот во второстепената владина комисија за одлучување по жалби. Зачудува и загрижува селективната ажурност на овие владини институции.

Родителите јасно кажаа дека се незадоволни од работата на поранешната директорка и побараа да замине, за да може училиштето нормално да функционира, без партиски стеги и притисоци“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски