Општина Центар демантира дека се изнесувале кутии со документи

Од:

Во функција на објективно информирање на јавноста, Општина Центар ги демантира наводите изнесени во текстот “Кутии сo документи се изнесуваат од Општина Центар”

„ДЕМАНТИРАМЕ дека било какви документи се изнесени од просториите на Општина Центар и најостро ги осудуваме овие груби шпекулации и тврдења.

– Станува збор за целосна измислица и како таква препоставуваме дека е во функција на одредена политичка партија која има за цел дискредитација на работата на општинската администрација.

– Државната администрација од Општина Центар не е партизирана и работата на службите во општината се одвива професионално, стручно и непречено во функција на жителите на општината“, пишува во демантот од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?